Тоа што го најавија француските медиуми пред неколку дена, оваа вечер доби официјална потврда, и тоа во вид на емотивно обраќање од Самуел Умтити. Стоперот кој стана светски шампион со Франција во 2018-та година важеше за еден од најдобрите во светот на својата позиција, но повредите го одведоа далеку подоле од нивото на кое не навикна, па поради тешките повреди, сега става крај на кариерата на само 31 година. Поранешниот фудбалер на Барселона ...
Самуел Умтити забележа драстичен пад на кариерата поради тешката повреда која ја имаше на коленото, а бидејќи истата беше проследна со уште низа физички проблеми, Французинот на крајот беше принуден да стави крај на фудбалското патување многу порано од предвиденото. Поранешниот стопер на Барселона најдобрите фудбалски моменти ги доживеа пред седум или осум години кога беше стандарден член од првиот тим на каталонскиот гигант, но дефинитивно, ...