Дури една половина од новопродадените станови се купуваат во кеш, соопшти гувернерот на Народната банка Трајко Славески на денешната средба во Стопанската комора, коментирајќи го големиот раст на цените на становите во Скопје. Според податоците на Народната банка од вториот квартал, цените на становите во изминатите 12 месеци се зголемени за дури 22,3 проценти. „Според она што го добивам како информација, проценка, околу 50 проценти од ...
„Пред пандемијата, во 2019 година, соодносот на купување на станови и објекти за живеење бил поповолен во однос на кредитирањето. 65% се купувале на кредит, а остатокот од 35% во готово. Сега, по моите информации од колегите во Народна банка, односот е 50-50. Се разбира дека е вредно да се погледне од каде е изворот на тие средства. Ние не можеме да шпекулираме, најверојатно има и од заштеди“, рече гувернерот на Народната банка Трајко Славески ...