Охрид, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид бележи солидна исполнетост со гости на последниот викенд пред најголемиот христијански празник Велигден. Попладнево, но и во текот на целито ден, бројни гости од земјата, Балканот, но и целиот свет уживаа во пријатното топло време и прошетката по кејот, стариот дел и центарот на градот. Дел со кафе или вкусен ручек го надополнија впечатокот и заминуваат со убави спомени од градот под ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 23 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот ...
Охрид, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Преубавиот Охрид, денеска, на празникот Цветници, блеска во целата своја убавина на априлското сонце. Уште од раните утрински часови, бројни гости го користеа секој момент за уживање по кејот, прошетка со бродовите или кафе во некој од околните угостителски објекти. Охрид го живее последниот викенд пред најголемиот христијански празник Велигден, кога се очекува зголемена посетеност од гости од земјата, но и ...