Согласно новиот Закон за енергетика кој стапи на сила на 29 мај 2025 година, операторот на електродистрибутивниот систем е должен да овозможи визуелен пристап на потрошувачите до мерните уреди. Поставувањето на броила на височина недостапна за поглед, зад метални врати, во заклучени простории или во кутии кои не дозволуваат читање на податоците, претставува прекршување на член 164 од законот и е основ за санкционирање. Законот предвидува глоба ...

„Законот предвидува глоба од 1.000 до 3.000 евра за операторот доколку не обезбеди можност корисниците да го видат броилото што го регистрира нивното секојдневно трошење на електрична енергија. Ваквата регулатива има цел да обезбеди транспарентност и контрола, а со тоа и заштита на потрошувачите од евентуални злоупотреби при фактурирањето. До надлежните инспекциски тела веќе е поднесено официјално барање за потврда кој инспекторат е конкретно ...