Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ денеска ја соопшти одлуката за доделување на највисокото признание за животно дело во 2025 година во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Во областа на науката и образованието, државната награда се доделува на проф. д-р Константин Димитров, машински инженер, и академик Глигор Јовановски, хемичар. Церемонијата на доделување на наградите ќе се ...

Во прекрасниот амбиент на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, на 1 октомври 2025 година, се одржа осмото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Настанот беше отворен со гласот и поезијата на Анте Поповски, а беше прочитана и пораката од Јована Јаневска Ристовска која ја напиша песната „Непрочитано писмо“ од Анте Поповски на карпа во Матка. Со свој осврт, на присутните, им се ...