Македонската одбојкарска репрезентација ја очекува настап во ЦЕВ Европската Златна лига, а првиот турнир е во Братислава каде ќе ги одмериме силите со Финска и домаќинот Словачка. Селекторот Јошко Миленкоски го дефинираше изгледот на тимот иако нема голема можност за кратење на списокот со оглед на тоа дека во подготвителниот процес можеше да смета само на 15 одбојкари, од кои тројца организатори на играта, па тие ќе ротираат во составот во ...

Најдобрите македонски одбојкари го загубија и вториот натпревар на првиот турнир во ЦЕВ Европската Златна лига. Вчера бевме надиграни од Финска со 3-0, додека пак денеска го истиот резултат претрпевме пораз од домаќинот Словачка. Бевме рамноправи во трите сета, меѓутоа Словаците беа тие што го имаа последниот збор и со 25:21, 25:22 и 25:23 издвојуваа победа во „Гопас Арена“ во Братислава. Капитенот Никола Ѓоргиев со 17 поени беше најрасположен ...