Премиерот на Велика Британија штотуку даде изјава по несреќата во Ливерпул „Сцените во Ливерпул се ужасни – моите мисли се со сите повредени од овој настан“, рече Кир Стармер. „Би сакал да им се заблагодарам на полицијата и службите за итни случаи за нивниот брз и траен одговор на овој шокантен инцидент. Тие ме информираа за развојот на настаните и ве молам да ѝ дадеме на полицијата простор што им е потребен за да истражат, нагласи Стармер“. ...

Заменик-началниката на полицијата во Ливерпул, Џени Симс, ги потврди претходните извештаи дека на местото на настанот е уапсен 53-годишен маж од околината на Ливерпул, за кого полицијата верува дека го управувал возилото со кое беа повредени речиси 50 лица. Таа рече дека е во тек истрага за да се утврдат фактите што довеле до овој инцидент Вкупно 27 лица се пренесени во болница, од кои две се наоѓаат во критична состојба, по вчерашниот инцидент ...