Генералниот секретар на НАТО- Марк Руте порача дека Русија нема право да одлучува дали западни трупи може да бидат распоредени во Украина, бидејќи тоа е суверена држава и решението е исклучиво нејзино. „Зошто воопшто нè интересира што мисли Русија за трупите во Украина? Тоа е суверена нација. Не е на нив да одлучуваат“, рече Руте на безбедносниот самит на IISS во Прага, додавајќи дека „треба да престанеме да го правиме Путин премногу моќен“. ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предизвика бура од реакции викендов со изјавата дека плановите за распоредување европски трупи во Украина како дел од безбедносни гаранции по конфликтот се „прилично прецизни.“ „Имаме јасен патоказ и постигнавме договор [во врска со американската поддршка] во Белата Куќа... и работата напредува многу добро,“ изјави Фон дер Лајен за „Фајненшл Тајмс“, во интервју објавено во неделата ...