Со прашања на Обвинителството до првоосомничениот Палевски, продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Палевски, кој е главен обвинет во случајот, на претходното рочиште негираше вина и ги оцени доказите против него како манипулативни и нецелосни. Неговиот адвокат, Јовица Страшевски истакна дека постојат значителни несогласувања меѓу доказите и изјавите на Обвинителството, а денешното сведочење го нарече клучно за ...
И во одговорите на прашањата од Обвинителството, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо се обидува да ги дискредитира снимките од дворот на обвинетиот Велибор Манев, а кои се направени ден пред денот кога велешанецот Панче Жежовски бил грабнат. На нив се гледаа сите обвинети за грабнувањето и убиствата. Дел од нив со мотороли и слушалки на уши. Истовремено, Палевски рече дека денот кога Жежовски е грабнат и убиен зборувал со некого, ама не може да се ...