Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари во рамки на големата државна мерка за јакнење на Противпожарните единици. Обезбедени се 43 специјални интервентни возила за брза реакција на терен. Но, една од ретките општини што одбила да учествува во оваа мерка е токму Кочани – затоа што Венко Крстевски не се ни пријавил на повикот на Владата, соопштија попладнево од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, ова е срамно и неодговорно однесување. ...

Градоначалникот на општина Кочани, Венко Крстевски ги демантира ВМРО-ДПМНЕ и Владата откако беше објавено од нивна страна во јавноста дека општината не аплицирала на јавниот повик за ангажирање на невработени лица кои ќе помогнат во справувањето со пожарите. Препорачано – Општина Кочани има аплицирано по повикот на Владата за активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и пошумување на локално ниво – формуларот е уредно ...