„Кралевите“ ова лето донесоа четири засилувања, ги купија Трент Александер Арнолд, Дин Хујсен, Франко Мастантуоно и Алваро Карерас. Реал Мадрид смета дека составот за новата сезона е комплетиран, но до крајот на преодниот рок можат да пристигнат уште две нови имиња – централен дефанзивец и фудбалер од средниот ред. Ибрахима Конате од Ливерпул е пикиран за засилување на одбраната, а кога е во прашање средниот ред, Флорентино Перез верува дека ...

Реал Мадрид вчера го претстави Алваро Карерас и младиот Шпанец стана најскап лев бек во историјата на „кралскиот клуб“, трансфер со кој Флорентино Перез доведе и трет дефанзивец како засилување за Чаби Алонсо. Севкупно гледано, Карерас е четврто летно засилување за Реал Мадрид ова лето, но со реализацијата на истиот, стана јасно дека еден фудбалер ќе мора да си оди до крајот на месец август. Ангажманот на фудбалерот на Бенфика прави да има ...