Во изминатото деноноќие изгаснати се вкупно 30 пожари, шест се активни, а три се ставени под контрола. Добивме информација за нов пожар, во општина Желино, кој се движи кон тетовско Еребино. Итно е испратена екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и екипи на ТППЕ Тетово, каде веќе дејствуват на гаснење на пожарот, а набргу ќе пристигнат и две возила на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хермелин, изјави денеска Надица ...
Нашите сознанија, информации и од противпожарните единици од пожарникарите што беа овде, се дека три гуми се најдени запалени, што докажува дека е човечки фактор на целиот овој настан, изјави Блерим Сејдиу, градоначалник на Желино. Огнот зафати десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација, а се шири и поради ветер. Дејствуваат тетовските пожарникари, армиски хеликоптер, полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ, 2 теренски ...