Тимот на Алкалоид е на чекор од најголемиот успех во својата историја, освојување на европски трофеј, но за да се случи тоа ќе мора да одигра уште еден квалитетен меч со грчки АЕК. Македонскиот прволигаш оствари триумф од 29-25 на првата средба на гостински терен и сега има отворен пат да дојде до конечно славје во ЕХФ Европскиот Куп. Салата „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета до последно место затоа што повеќе нема карти за овој настан, па ...

Ракометарите на Алкалоид го играат најважниот натпревар во клупската историја, бидејќи ќе го дочекаат АЕК во борбата за трофејот во Европскиот куп на ЕХФ. Скопскиот тим со солидна предност се врати од гостувањето во Атина и сега пред публиката во СЦ „Борис Трајковски“ треба да ја заврши започнатата мисија - да освои прв европски трофеј во историјата. Во сезона во која тимот на Кирил Лазаров се соочи со многу проблеми, остана без двајцата главни ...