Екипата на Милан славеше над Болоња со 1-0 во последниот натпревар од денешната програма во италијанската Серија А. „Росонерите“ посакуваат прва сезонска радост на „Сан Сиро“ и пред своите гледачи, цел која ја остварија и сега имаат шест бода со што се при самиот врв на табелата. Ова беше втор меч во низа на кој Милан не прими гол, а од друга страна пак еднаш го матираше ривалот што беше доволно да се дојде до посакуваниот резултат. ...

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека Интер и Милан постигнале договор за купување на стадионот „Сан Сиро“. -Во среда ќе одиме во градскиот совет со резолуција за продажба на „Сан Сиро“, бидејќи всушност постигнавме договор со клубовите. Новиот стадион мора да биде готов до 2031 година, бидејќи УЕФА ни кажува дека нема да го смета Милано како место за натпревари од Евро 2032 ако Сан Сиро остане ваков, изјави градоначалникот Сала за ...