Купувачите полека но сигурно се навинуваат да ја користат новата алатка за споредба на цените во маркетите. Обврската на интернет да се објавува колку чини секој производ започна да важи од пред десет дена. Дел од граѓаните велат дека тоа им помага да заштедат од семејниот буџет. Со јавното објавување на цените онлајн се поттикнува и конкуренцијата, па маркетите се приморани да се натрпреваруваат меѓу себе и да ги поевтинат производите. ...
Маркетите ја почитуваат мерката за секојдневно објавување на сите цени на интернет, нова обврска што по налог на Владата ја имаат од пред десетина дена. Од Министерството за економија велат дека досега нема ниту еден прекршок и не е изречена ниту една казна. И потрошувачите задоволни од можноста за споредба на цените во маркетите на интернет. Од Организацијата на потрошувачи велат дека засега кај нив нема никакви поплаки за новата алатка. Сепак, ...