Најстарата жена на светот почина на 126 години

Најстарата жена во Иран и во светот, почина во својата 126-та година од животот, како што покажуваат податоците од нејзините лични документи.

Таа пред скоро три години беше призната за најстара жена на светот и во Гинисовата книга на рекорди.

Масумех Санеи Тороги, родена на 23 септември 1898 година, почина завчера во Машхад, во североисточени Иран. Се верува дека Иранката починала на постара возраст од Французинката Жан Калмен, која во 1997 година почина на 122-годишна возраст.

Причината за сомневање во веродостојноста на податоците за „новата“ најстара жена во светот е тоа што Иран почнал да издава документи од матичните книги дури во 1918 година, односно цели 20 години по раѓањето на Масумех Санеи Тороги.

Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата жива жена на светот е Марија Брањас Морера од Шпанија, која на 4 март ќе го прослави својот 117. роденден.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно