• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“ Лилјана Зашова

октомври 25, 2021
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“ Лилјана Зашова

Втор соговорник на уредникот и водител Милчо Јованоски во осмата сезона од аудио серијалот  „Мојот живот, мојот свет“ реализиран во култниот „Аквариус“ му е авторката на романот „Солзите на сестра ми“ госпоѓа Лилјана Зашова.

Зашова, спонтано и истовремено одмерено зборува за растењето во Скопје и одговорот кој најчесто го дава кога ќе ја прашаат: Од каде си?  – таа вели од Македонија.

Со клик на линкот слушнете го интервјуто во целост: 

 – Мајка ми е од Селци кај Дебар а татко ми прилепчанец. Се нашле во Прилеп бидејќи во тие виорни години семејството од мајка ми морало да бега од Дебар. Татко ми беше воено лице и уште на 8 месеци сум донесена во Охрид, можеби и поради тоа го сакам многу, со насмевка ни раскажува Лилјана.

lile so roditelite copy

 Лилјана со родителите во Свети Наум

 Овде во Охрид биле само две години и службата на родителот ги носи во Штип, Струмица и Кочани. Сите тие градови таа си ги смета за свои и затоа им кажува на луѓето дека е од Македонија. Токму љубовта со нејзиниот Благој почната во Кочани и ќе ја врати пак таму за заедно подоцна пак да се пронајдат и да запловат во брачните води и да живеат со двете ќерки Билјана и Светлана во Скопје.

Bukuresht 8.9.2000 55 1

Семејно во Букурешт

Лилјана ни раскажа низа анегдоти:  зошто и како завршила право, за работата во поранешниот Извршен совет и за воспитувањето на ќерките и честите селидби и нови навикнувања поради животот со дипломатот од кариера – сопругот Благој Зашов. Стигна и споредбата на Французите и Романците и за некои пријателствата кои ги негуваат и денеска.

Bukurest 2001 so zenata na kineskiot ambasador 

Лилјана во Букурешт со сопругата на кинескиот амбасадор 

Со кафе за релаксација на само еден час пред промоцијата на нејзиниот роман во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид Лилјана ни раскажа и за своето хоби цртањето, кое го усовршила талентот во Романија и од кој и денеска не се дели , како и за времето кое сега најчесто посакува да го поминува со внуците:Елиза, Виктор, Дамјан и Александар и секако и за страста кон пишувањето.

Bukurest 2000 so profesorot po slikanje   Bukurest 2000 pred slikite

                                              Со професорот по уметност во Романија и пред создадените дела 

Јованоски ја прашува за инспирацијата и решеноста да го напише романот, за животот на релација Охрид и таму каде што им се ќерките и внуците, но и за новите ракописи кои ги создава.

Strazbur 1995 pred misijata na rm 

Во Стразбур 1995 г. пред македонската резиденција

– Цел живот пишувам , ни рече ама не се сметам за писател. Писателите се нешто друго. Јас сум автор само на еден прирачник од искуството што го собирав придружувајќи го сопругот во дипломатија , но во фиоките на моето бири има полно листови со напишани сеќавања и реминисценции од животот на моите родители и дури нешта од нашето секојдневие.

kairo 2002       Nijagara juni 2005 

Во Каиро и на Нијагара 2002 и 2005 г. 

„Солзите на сестра ми“ според промоторите  е  четиво кое се чита речиси во еден здив и не ве остава рамнодушни и додека работите нешто сосема друго, ве обзема неговата содржина бара да продолжите да ја читате книгата и долго да разговарате за пораките и вечните дилеми кои ги крие во  себе.

so kolegite vo vlada peznionirawe vo 2006 

Лиле со колегите од службите во Владата,  денот кога замина во пензија во 2006 г. 

Зашова со овој свој прв роман докажува дека оние кои имаат во себе пишувачка дарба а во нив тлее некоја животна приказна треба да го облагородат белиот лист хартија. Не само поради себеси и гаснењето на “пожарите“ во себе, туку, како нова научена лекција за другите. И да не ви откриваме се’

promocija na kniga 2004 kocani    promocija 

Промоција на книга во Кочани 2004 и во Охрид 2021 г. 

Во „Мојот живот, мојот свет“ музиката е во избор на гостинката. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 246
Share
Previous Post

Утре ќе биде затворена за сообраќај улицата „Јане Сандански“ ќе се обележува хоризонталната сигнализација

Next Post

Денес им е роденден: Мирјана Aполониа Карол

Next Post
Денес им е роденден: Мирјана Aполониа Карол

Денес им е роденден: Мирјана Aполониа Карол

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 246

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk