Автобус се запали во скопската населба Бутел 2.
Според информациите од терен, чад го зафатил целото возило, стаклата се распукале, а на помош притрчале луѓе кои се обиделе да го изнаснат пожарот пред да пристигне противпожарната бригада.
Засега нема информации за повредени лица, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Пред две недели кај Транспортниот центар под Железничката станица во Скопје се запали двокатен автобус на ЈСП, а возачот беше пренесен в болница оти вдиша чад.
На почетокот на месецов пак, двокатен автобус се качи на жардиниера на булеварот кај судовите во Скопје, а возачот на прес-конференција кажа дека му откажал воланот.
Целото видео погледнете го ТУКА