Полициски службеници од СВР Тетово вчера попладне лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи во гостиварско Дебреше вчера околу 17.15 часот, а во кое смртно настрада Р.К.(35) од Дебреше.
Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К. воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите.
По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.