Трагедија во Минхен: Фан почина откако паднал од скали за време на продолженијата

За време на вчерашното финале во Лигата на Нации помеѓу Португалија и Шпанија, се случила трагедија откако фан почина за време на продолженијата на трибините на „Алијанц Арен“ во Минхен.

Веста ја потврди шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте по пристигнувањето на прес-конференцијата.

„Еден навивач почина откако паднал од горните трибини за време на продолженијата“, рече Де ла Фунте.

Навивачот чиј идентитет не е познат, паднал од висина од неколку метри. Болничарите веднаш пристигнале на местото и реагирале, но безуспешно.

Се вчитува...