Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола по вторпат е државен шампион во машка конкуренција на Државното универзитетско првенство во пинг-понг, кое се одржа на 9 мај 2025 година во Скопје.
Дополнително, неговиот колега Антонио Вељановски го освои третото место, а Јана Голабоска во женска конкуренција се пласираше на одличното четврто место.
Првенството се одржа во спортските објекти на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје, каде студентите на УКЛО достојно го претставија својот универзитет и уште еднаш потврдија дека квалитетот и посветеноста носат резултати.
Претстојат нови натпреварувања – Државното првенство во шах, како и продолжување на редовните универзитетски натпревари во мал фудбал, кошарка, одбојка и ракомет.