ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.12.2022
МОН: Во тек е постапката за исплата на субвенционираниот студентски оброк
Автор: Goce Author

Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии за понатамошно постапување, соопштија вечерва од Министерството за образование и наука (МОН).

Фото: МОН

Од таму велат дека комисија во рамки на МОН извршила проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците пристигнати од другите надлежни институции – Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Министерството за внатрешни работи и универзитетите.

„Секој студент кој ги исполнил условите ќе добие средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември“, напишаа од МОН.

Студентите за овие месеци ќе добијат по 120 денари дневно за секој работен ден, освен за државните и верски празници.

Повикот за остварување на правото на субвенционриан оброк траеше од 25 ноември до 3 декември. Иако беше најавено дека првата исплата студентите ќе ја добијат до 15 декември, тоа не се случи.

Извор: Мета.мк

Отворен повик за наградата ДЕНЕС 2025 за млади визуелни уметници
Инфографик: Злоупотреба на идентитет во дигитална ера преку Вештачка Интелигенција