Саутемптон го „истрола“ Сити: Освоивме бод, а не ни игравме

Саутемптон преку социјалните мрежи одговори на прозивката на Рубен Дијаш, фудбалерот на Манчестер Сити кој не ја сокри фрустрацијата по освоениот бод против „фенерџјата“ критикувајќи го противникот за одбранбениот пристап.

Тимот кој следната сезона ќе се натпреварува во второлигашкиот фудбал во Англија два пати го „истрола“ Манчестер Сити. Прво на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде објави фотографија насловна „Се чини дека никој од нас не играше“, а потоа и на мрежата „Х“ каде следеше објава „Бод без и да пробавме да играме“.

Се вчитува...