Ел-Сиси: Приходите од Суецкиот канал се намалени за 40 дo 50 oтсто

20. 02. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ел-Сиси: Приходите од Суецкиот канал се намалени за 40 дo 50 oтсто

Говорејќи за ефектите од војната меѓу Израел и Хамас и другите прекугранични несогласувања предизвикани од тој конфликт, Ел-Сиси рече дека Суецкиот канал, кој му носеше на Египет речиси десет милијарди годишно, сега изгуби 40 до 50 отсто во однос на приходите.

Тој додаде дека Египет мора да продолжи да излегува во пресрет на финансиските обврски со „компаниите и партнерите“.

Ел-Сиси за тоа говореше за време на конференцијата со нафтените компании на египетскиот саем за енергетика (EGYPES) ​​2024 година, што се одржува во Каиро. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата