Кина се надева на праведно и трајно решение за војната во Украина

11. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина се надева на праведно и трајно решение за војната во Украина

-Се надеваме дека страните ќе можат да постигнат праведно и трајно решение што ќе биде прифатливо за сите, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг на прес-конференција во Пекинг.

Како одговор на прашање за претстојните преговори, таа рече дека „Кина ги поддржува сите напори кои придонесуваат за мирно решавање на кризата“.

-Кина е исто така подготвена да продолжи да работи со меѓународната заедница за да одигра конструктивна улога во политичкото решение на кризата, додаде таа. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата