Индија и Пакистан на работ на војна: “Нападот е неизбежен”

Напнатоста меѓу Индија и Пакистан достигна критична точка откако пакистанската армија соопшти дека урнала индиски дрон кој навлегол во воздушниот простор над спорниот регион Кашмир.

Исламабад ја нарече акцијата „сериозна провокација“ и ја стави армијата во состојба на највисока готовност.

Пакистанскиот министер за одбрана Каваја Мухамад Асиф изјави дека индиска интервенција е „неизбежна“ и предупреди дека би се користило нуклеарно оружје само во случај на директна закана за опстанокот на државата.

Меѓувреме, Индија го суспендираше договорот за водите на реката Инд, додека Пакистан одговори со затворање на својот воздушен простор.

Новата ескалација следи по масакрот во Пахалгам, каде беа убиени 26 хинду цивили.

Њу Делхи ја обвини милитантната група Лашкар-е-Таиба и индиректно ја поврза со пакистанската разузнавачка служба.

Премиерот Моди вети „најостар одговор“. Пакистанскиот министер за информации, Атаула Тарар, изјави дека земјата располага со веродостојни разузнавачки информации дека Индија планира воен напад во наредните 24 до 36 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи: