Во новата епизода од рубриката „Се менувам. Природно е.“, поддржана од Rosa, отвораме разговор со две жени кои својот живот, креативност и промени ги споделуваат јавно – Нина Ред и Антонија Локвенац, инфлуенсерки и креаторки на дигитална содржина.
Колку е лесно да се промениш кога секој твој чекор е видлив за публиката? Како изгледа личната трансформација кога се случува паралелно и онлајн, и внатре во тебе? Со Нина и Антонија зборуваме за искреност во свет полн со филтри, за етапите на раст, за (не)совршеност и за тоа зошто токму промената знае да биде најголем извор на сила.
Рубриката „Се менувам. Природно е.“ продолжува да ги отвора темите кои ги допираат сите нас – тивко, длабоко, и вистински.