Раперот Драгомир Деспиќ Десингерица и неговата сопруга Невена Бркљач се нашле среде непријатна ситуација и тоа возејќи се со нивниот автомобил.
Со нив било и нивното дете, а Десингерица во оваа прилика проговорил за „PulsOnline.rs“.
- Моето дете спиеше во колата, беше и мојата сопруга Невена. Тој човек ме нападна, викна: „Друже... дрогиран, што се случи?“, па веднаш излегов од автомобилот. Еден човек, дедо, ме турна и тргна кон мене, па му реков дека нема да помислам да се тепам со човек кој би можел да ми биде татко! Му реков: „Не сакам да се карам со тебе, ти си стар човек, не можам да се тепам“, а потоа синот на тој човек почна да ме удира! Јас потоа тргнав по неговиот син, додека дедото цело време ме удираше - изјави Драгомир.
Невена излегла од автомобилот, а тој дедо ја удрил со тупаница и и' искрварила од усна!