Антонио Кошта денеска во Скопје – средби со Мицкоски и Сиљановска

Во рамки на својата балканска турнеја, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска ќе ја посети Скопје, каде што е планирана еднодневна агенда со средби со државниот врв. Тој ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

По средбата што ќе се одржи во Владата, најавена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Кошта.

Кошта веќе оствари посети во Белград и Сараево, а целта на неговата регионална посета е да ја реафирмира поддршката на Европската унија за интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното