Земјотрес во Евролигата: Доаѓа Расел Вестбрук и тоа за луда плата!?

Расел Вестбрук има играчка опција за следната сезона, но додека размислува за својата иднина со Денвер Нагетс, на повидок е понуда што би можела да биде преседан во европската кошарка и целосно да го промени неговиот правец.

Искусниот плејмејкер може сам да одлучи дали ќе остане во Денвер, благодарение на клаузулата во договорот што му овозможува да избере. Но, иднината на поранешниот МВП можеби и не е во НБА.

Според информации на Немања Зориќ од „HoopsHype“, за Вестбрук постои сериозен интерес од Европа. Поточно, од новиот евролигаш Хапоел Тел Авив.

„Хапоел Тел Авив веќе стапил во првичен контакт со Расел Вестбрук. Ми беше кажано дека европскиот првак во Еврокуп планира да му понуди договор со плата каква што досега не е видена на Стариот континент.“, вели новинарот.

Сега топката е во рацете на Вестбрук. Ќе остане ли да се обиде да го врати Денвер на шампионскиот пат или ќе прифати нов предизвик и историски профит преку Атлантикот? Одлуката би можела да ја отвори нова ера во европската кошарка.