Цените на гасот на европската берза ТТФ се на највисоко ниво во последните пет месеци од 34,9 евра за мегават-час

Цените на гасот на европската берза ТТФ денеска се искачија на 34,9 евра за мегават-час, што е највисока за последните пет месеци.

Австриската енергетска компанија ОМВ неодамна издаде итно соопштение во кое предупредува дека руски Гаспром може да ја прекине испораката на гас за Австрија врз основа на пресудата на „странски суд“ за начинот на плаќање на гасот.

Доколку пресудата биде спроведена, ОМВ би била принудена да ги запре плаќањата кон Гаспром, што најверојатно би довело до прекин на испораката на руски гас за Австрија.

Деталите за пресудата на „странскиот суд“ не се соопштуваат.

Компанијата ОМВ нагласи дека нејзината подружница ОГМТ „ќе продолжи да ги снабдува клиентите со гас од алтернативни, неруски извори“ и дека пазарите во Европа нема да бидат загрозени, пренесува порталот „Оилпрајс“.

Можеби ќе ве интересира...

Германската економија е парализирана

BiznisPRO

Скокна бројот на странски туристи во Македонија

BiznisPRO

Интервју д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс Македонија и ЕОС Косово: Покажавме дека и во финансискиот сектор е можен успех со примена на креативни решенија

BiznisPRO