• Latest

Кога гласно се брани фотелјата, а тивко умира човечноста

April 5, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири

July 10, 2025
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога гласно се брани фотелјата, а тивко умира човечноста

Или: Операција „Спас на задникот, жртвување на вистината“

April 5, 2025 18:57
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Ова што се случува деновиве во земјава е релативизација со епски размери и со висок кремљовски квалитет. Сите едногласно гракаат дека „системот е виновен“ и веќе никој не се ни осмелува да побара одговорност за оние што се директно и непосредно одговорни за нештата. Затоа што, нели, системот е виновен. Секогаш е. Тој мистичен ентитет што ги изеде сите гнили јаболка… Но ги остави фотелјите недопрени.

Тој наратив – системот е виновен – стана алиби за избегнување на одговорноста, замаглување на вистината и покажување со прст кон другите. Дури и одлична можност за властодршците дополнително да се пресметаат со неистомислениците и противниците.

И временски го одредуваат – системот е стар три децении! Значи, не системот пред распадот на Југославија, не длабоко всадената култура на корупцијата негувана од генерации и генерации политички номенклатури и олигарси, туку системот од пред три децении.

Не велам дека системот не е виновен, напротив. Но кога тоа е првата и последната реченица во популистичкиот наратив токму на носители на функции на тој ист систем – тоа е чиста пропаганда за спасување на сопствениот задник залепен на функционерските фотелји. И навреда за здравиот разум! Така, системот станува параван зад кој се крие личната одговорност. За кој тоа систем зборуваат? Тоа е тој систем што го уништуваат истите тие што го запоседнуваат во текот на своите политички мандати, одржуван со администрација во која ги ухлебуваат своите партиски пешадинци и криминални мрежи, и во чија функција се полицијата и судството во кои професионалците се во секојдневна битка со партискиот „гестапо“ во тие структури.

Кога ќе кажете „системот е виновен“, всушност, значи дека никој не е виновен, барем во првиот момент, додека не се соземе – самиот систем! Се работи за децениско алиби за одговорноста, една децениска пракса што премногу потсетува на кремљовските начини за манипулација со масите, само спроведен со примеси на локалните рецепти. И што погласно се напаѓа системот, толку потивко умира одговорноста. И човечноста.

Дојдовме во ситуација во која СИСТЕМОТ очекува од луѓето да слегнат со раменици по секоја ужасна несреќа, да се помират пред вишата сила (системот), а не да ги бараат непосредно и директно, правно, политички и/или морално одговорните (претставници на системот). Тие, пак, што се на врвот на ланецот на политичката исхрана во џунглата, освен што ќе го обвинат системот, ќе ги обвинат сите што им пречат. По можност, барем дел, ако не и повеќето од нив да се припадници на децениски сатанизираната етничка заедница. И додека општеството е шокирано, потресено и ужаснато, фотелјите се зацврстуваат, политичкиот капитал се оплодува, профитите растат, а неказнивоста останува.

Трагично е што жртвите од трагедијата во Кочани, нивните семејства и блиски, но и целото општество, станаа жртви на уште една операција за замаглување на вистината и одговорноста – операција лишена, не само од одговорност, туку и од човечност. Оваа, како и сите претходни трагедии како Модуларната болница, Дурмо турс, автобусот во Бугарија, осамените жртви на сообраќајниците во Скопје, Штип и насекаде низ земјата, и низа други – како и сите идни – ќе продолжат да го собираат данокот во крв, а лицата на собирачите на тој данок ќе бидат покриени со црните маски на… системот.

За спроведување на оваа и други операции за криење на конкретната одговорност зад параванот на општата „историска одговорност на системот“ не е заслужна само политичката класа – заробена во бесчувствително калкулантство – туку и медиумите и креаторите на јавното мислење. Се прашувам, дали се жртви на притисок, на наивност пред пропагандата што ја смислуваат нивни колеги во консултантските куќи и пи-ар одделенијата, или, едноставно, се жртви на сопствената бездушност. Ако воопшто може да се биде жртва на сопствената бездушност. Мислам дека тоа, сепак, е избор – да се биде опортунист, бездушен и себичен. Во стилот – „трагедијата се случи, дај да видам што има тука за мене“.

И што останува по трагедиите? Ништо. Само неозначениот гроб на вистината, плиток, но доволно зарамнет за колективната совест да не се сопне од него. Тогаш, системот ќе застане над колективната јама на општеството, ќе се потпре на лопатата со која ја затрупал одговорноста и ќе се насмевне – победнички, цинично, ладнокрвно. И со следната трагедија, како и со сите претходни, повторно ќе започне новата епизода на „Спас на задникот и фотелјата“, додека телата уште не се оладени, а солзите не се исушени. Бидејќи системот не е нешто апстрактно и недопирливо, туку недопирливи се оние што се кријат зад него.

А кога некој ќе се осмели да ѝ погледне на реалноста в очи, да ја соголи лагата до коска – без филтри, без страв, без партиски диктат – и да ги каже или напише фактите какви што се, тогаш почнува ловот. Пропагандните кербери – бесни, организирани, платени или само дресирани – да го растргнат гласот на разумот и совеста. Да го заглушат, омаловажат, сатанизираат. Тоа е методот. Тоа е хигиената на режимот. Да се уништи секој што носи огледало во кое може да се види грдото лице на вистинската одговорност. Во таа војна против вистината, ништо не е свето – ни жртвите, ни болката, ни животот. Само задникот е недопирлив.

Тие не читаат, не мислат, не чувствуваат – само ги лижат чизмите на господарите и ги касаат посочените мети. Тие не бранат систем, туку го бранат задникот на својот господар. И не го прават тоа од заблуда – туку од корист. Тоа е нивниот дневен оброк, нивната мала сатисфакција во животот што го проживуваат како медиумски паразити со терминално заболен морал.


Текстот е личен став на Авторот.

Прочитајте и:

Добредојдовте во свињарникот на пропагандата!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Кочаниодговорностсистемтрагедија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ