Свет Палестинци се собрале утрово за да примат помош

Најмалку 50 загинати во израелски напад во близина на центар за помош во Газа

Министерството за здравство во Појасот Газа, кој е под контрола на исламистичкото движење Хамас, соопшти дека 51 загинато лице и 200 ранети пристигнале во болницата Насер во Кан Јунис, а дека 20 ранети се во критична состојба.

Најмалку 50 загинати во израелски напад во близина на центар за помош во Газа

Цивилната одбрана во Појасот Газа денеска соопшти дека израелските сили убиле најмалку 50 лица кои се собрале во близина на центар за дистрибуција на помош на југот од палестинската територија.

Портпаролот на цивилната одбрана, Махмуд Басал дека најмалку 50 лица загинале, а повеќе од 200 се повредени додека илјадници Палестинци се собрале утрово за да примат помош во Кан Јунис.

„Од израелски беспилотни летала е пукано кон луѓето. Неколку минути подоцна, израелските тенкови испукале повеќе ракети, што довело до голем број маченици (мртви) и ранети“, рече Басал.

Министерството за здравство во Појасот Газа, кој е под контрола на исламистичкото движење Хамас, соопшти дека 51 загинато лице и 200 ранети пристигнале во болницата Насер во Кан Јунис, а дека 20 ранети се во критична состојба.

Цивилната одбрана вчера соопшти дека 20 лица биле убиени израелски напад додека оделе да соберат хуманитарна помош во Рафа, јужна Газа. Таа палестинска територија е опустошена по повеќе од 20 месеци војна меѓу Израел и Хамас, а ситуацијата продолжува да се влошува на терен.

To top