Радио Милева „Мистер трач и лејди афера“ во „приказни од зад сцената“

Кои се најголемите аферџиски лаги што познатите ги слушнале за себе: Лазаров е геј, Таско е на стероиди, Иван – Либеро и Мартија „се лапале“ на паркинг… (ВИДЕО)

Кои се најголемите аферџиски лаги што познатите ги слушнале за себе: Лазаров е геј, Таско е на стероиди, Иван – Либеро и Мартија „се лапале“ на паркинг… (ВИДЕО)

Кога си познат и популарен кај широките народни маси, особено ако си естрадна ѕвезда, покрај сиот „кајмак што го збираш“ неретко се случува и да го „изедеш стапот“. Се разбира сето ова фигуративно кажано, ама реално на познатите неретко им се случуваат и неубави ситуации, најчесто ставајќи ги во незгодна положба, кога се мета на разни трачеви, афери, озборувањам конентари… И со муабетите во естрадно-чаршиските кулоари и со постовите на социјалните мрежи!

Овој бил „обратен“, онаа била со оној, овие две до вчера „се лижеа“ а денес “очи нејќат да си видат“, овие двајца беа „г*з и гаќи“ а сега се „на нож“, овој е „на бело“, а оној „високолитражен“… се само некои од жаргонски кажаните  надри муабети за некои од познатите македонски ѕвезди, од кои до душа можеби поретко, ама понекои излегуваат и дека биле вистинити.

Во потрага по вистината дали „каде што има чад има(ло) ли и оган“, тргна најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, прашувајќи ги познатите естрадни фаци, која е најголемата лага што ја слушнале за себе?

Јутјуберот Лазаров, раперот Таско, пејачот на “Либеро бенд“ – Иван, пејач(к)ите Гиговска, Ивана Јо, Нина Јанева, Тајзи, фолкерот Гоце Пејковски, режисерот Зонде и уште некои други… се само мал дел од оние на кои „лејди афера и мистер трач“ им ја „скроиле капата“, или барем се обиделе да ги прикажат во јавноста онакви какви што никогаш не биле и не се или за нешто што никогаш не го направиле.

Еве ја нивната приказна во „ТВ магазинот од зад сцената“ со демантот за најголемите аферџиски лаги што познатите ги слушнале за себе, па слушнете и вие што самите кажаа за лажните вести и етикетите кои им ги прилепиле…

Фото и видео: Јутјуб принтскрин

To top