• Саше Љолес
Бразилскиот фудбалер и капитен на ПСЖ, Маркињос, даде свој коментар и зборуваше искрено за тоа колку неговиот тим е силен и на што почива нивната маестрална поставеност на теренот.
„Светците“ на Луис Енрике играат спектакуларен фудбал, а тимот е исполнет со многу млади ѕвезди, кои напредуваат под будното око на поискусните, како Фабиан Руиз и Маркињос.
„Мислам дека главна причина за успехот е начинот на кој сме поставени дефанзивно. Нашата одбрана започнува длабоко во нападот, тоа се забележува дека скоро секогаш е така.
Има голема разлика во овој и претходните наши тимови, сега напаѓачите трчаат многу повеќе и бранат многу повеќе.
Енрике ни даде прекрасни совети за да напредуваме. Знаеме како да се браниме и кога да притиснеме“, рече Маркињос.
Актуелниот европски шампион ја потврди својата класа и на премиерниот меч на Светското клупско првенство, совладувајќи го Атлетико Мадрид со сигурни 4-0.
ФОТО/PHOTO: FIFA