Балкан

Состанок на НАТО во Брисел: Северна Македонија ја потврдува „колективната визија за безбедна евроатлантска област“

„Западен Балкан останува стратешки приоритет за НАТО и ЕУ“, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски

Shpetim Hiseni  | 04.04.2025 - Обновена : 06.04.2025
Состанок на НАТО во Брисел: Северна Македонија ја потврдува „колективната визија за безбедна евроатлантска област“

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, рече дека на средбата на шефовите на дипломатиja на земјите-членки на НАТО што се одржа во Брисел ја потврдиле визијата за безбедна евроатлантска област, јавува Анадолу.

„На министерскиот состанок на НАТО во Брисел ја потврдивме нашата колективна визија за безбедна и стабилна евроатлантска област“, ​​напиша Муцункси на социјалните мрежи.

„Западен Балкан останува стратешки приоритет за НАТО и ЕУ. Зајакнувањето на партнерството НАТО-ЕУ е од суштинско значење за долгорочна стабилност. Забрзувањето на интеграцијата на регионот во ЕУ ќе ја зголеми регионалната безбедност“, рече Муцунски.

„Ја потврдивме нашата посветеност за мир во Украина преку дипломатија. Договорено е да се зголемат инвестициите во одбраната и превенцијата“, додаде шефот на дипломатија на Северна Македонија.

Инаку, на 3 и 4 април во главниот град на Белгија се одржа состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, пред самитот на НАТО во јуни.

Состанокот ја одбележа првата колективна консултација меѓу новата американска администрација и сојузниците во НАТО и опфати низа безбедносни прашања, вклучително и колективната одбрана, војната во Украина и соработката на НАТО со нејзините партнери од Азија и Пацификот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın