Македонија на гости против Италија во Палермо

ИЗВОРСкопје24
|

Натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во Катар ќе се одигра на стадионот Ренцо Барбера во Палермо, известуваат од Фудбалската федерација на Италија.

Дуелот меѓу селекциите на Италија и Македонија се игра на 24 март, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.

Стадионот во Палермо е изграден во 1932 година, а целосно реконструиран во 1989, со капацитет од 36.365 гледачи. На стадионот Ренцо Барбера се играа натпреварите од Светското првенство што се одржа во Италија во 1990 година.