ИТАЛИЈАНИТЕ ГИ РЕНТААТ БАЛКОНИТЕ СО НАЈДОБАР ПОГЛЕД КОН ОЏАКОТ – 500 ЕВРА ДНЕВНО! Сакаат изборот на папата да трае подолго

Објавено во: Свет 08 Мај, 2025 11:52
Конклавата во Систинската капела во Ватикан ја следат
огромен број новинарски екипи од целиот свет, а локалното население во
италијанската престолнина Рим најде начин добро да заработи од неа.
„Кориере дела Сера“ објави дека 5.300 новинари се акредитирани да го следат изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква по смртта на папата Франциско.
Телевизиските станици ширум светот имаат директни преноси од Ватикан, а балконите на зградите на улицата Павле Шести се најдобро позиционирани за ова.
Од тие тераси и балкони, подобро може да се види оџакот од кој треба да се појави бел чад ако се избере нов папа или црн чад ако е потребен нов круг гласање.
„Кориере дела Сера“ објави дека овие балкони сега се издаваат под кирија за 500 евра на ден.
Денеска е вториот ден од конклавата во Ватикан, се чека денеска да се види каков чад ќе излезе од оџакот, бел или црн.
фото: EPA/VATICAN MEDIA HANDOUTМожеби ќе ве интересира
ЕРДОГАН ДО СИРИЈА: Не се мешајте во конфликтот меѓу Израел и Иран

(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

(ВИДЕО) ИРАН ИЗВРШИ НАПАДИ НА ИЗРАЕЛ: Има загинати, а меѓу нив и деца

(ВИДЕО) ТЕХЕРАН Е ВО ПЛАМЕН: Израел погоди нови цели

ЕСКАЛАЦИЈАТА ИЗРАЕЛ-ИРАН СО ПЕТ НАЈЛОШИ СЦЕНАРИЈА: Што ако Америка биде вовлечена?

УБИЕНИ ДЕМОКРАТСКАТА ПОЛИТИЧАРКА ХОРТМАН И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ: Лажен полицаец пукал и во сенатор и неговата сопруга, полицијата трага по убиецот

ПОВЕЌЕ ОД 30 АВИОНИ БИЛЕ ПРЕНАСОЧЕНИ КОН КИПАРСКИ АЕРОДРОМИ: Крајна дестинација им бил Израел

ЕВРОПА ВО ЖЕНСКИ РАЦЕ: Моќта, стилот и интелигенцијата на европската политика

По професија е лекар, има седум деца и обожува да јава коњи: Моќна како лидерка, нежна како мајка - Помалку познати факти за Урсула Фон Дер Лајен
