Бизнис

Бугарија купува 35 електрични возови за 600 милиони евра

25.04.2025

Францускиот производител на железнички возила „Алстом“ објави дека потпишал договор со бугарското Министерство за транспорт и комуникации за испорака на 35 електрични меѓурегионални возови од типот Coradia Stream, заедно со 15-годишно одржување.

Проектот ќе го реализираат „Алстом“ и бугарската компанија RVP Invest, која ќе обезбеди објект за одржување на возовите.

Вкупната вредност на договорот изнесува 720 милиони евра, од кои 600 милиони се делот што му припаѓа на „Алстом“. 


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО