ВМРО Народна партија: Судската пресуда за Љупчо Георгиевски е длабоко недемократски чин
- СООПШТЕНИЕ -

14 јуни 2025
Судската пресуда во која претседателот на сега веќе бившиот културен клуб „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски е осуден на една година затвор, за ВМРО-Народна партија претставува враќање на вербалниот деликт со кој масовно се казнуваа граѓаните во комунистичка Југославија.
Од една страна тој претставува длабоко недемократски чин со кој се застрашуваат граѓаните на Македонија да размислуваат и зборуваат по нивното слободно уверување и убедување, а од друга пак тоа е удар и врз македонската историја преку обид за судење на историската улога на Ванчо Михајлов за што не се дрзнала ни комунистичка Југославија.
Оваа судска одлука ја демонстрира и хипокризијата на македонскиот правосуден систем со оглед на фактот дека масовно на српските одбележувања на битките кај Зебрњак, Брегалничката битка, Денот на победата во Битола како и Валандовското востание, српските претставници го употребуваат терминот „Јужна Србија“, „Стара Србија“ или „ослободување на србите во Македонија.“
И конечно ваквата одлука би требало да има и понатамошни правни последици со оглед на тоа дека во статутот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно е утврден континуитетот со трите конгреси на ВМРО под водство на Ванчо Михајлов.
Во секој случај вакавата судска одлука е срам за македонската демократија и претставува нејзино значително уназадување.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки