ВАЦАП ДОБИВА НОВА ФУНКЦИЈА, дали ќе ви биде корисна?

18. 08. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВАЦАП ДОБИВА НОВА ФУНКЦИЈА, дали ќе ви биде корисна?

WhatsApp подготвува промена која ќе ви помогне да ја персонализирате апликацијата како што ви одговара.

Имено, новата верзија на WhatsApp за Android (2.24.17.19) ќе ја тестира можноста корисниците да избираат теми за своите разговори.

Како што пишуваат специјализираните портали, промената на темата за разговор ќе се врши од менито, а корисниците ќе можат да ги изберат боите на пораките, како и позадината Оваа функција веќе постои за Facebook Messenger, кој исто така е во сопственост на компанијата Мета, како и WhatsApp - така што, ако имате Messenger, знаете што да очекувате.

Со оглед на тоа што вообичаено е потребно извесно време пред функциите кои се во тест фаза да станат глобално имплементирани, веројатно ќе треба да почекаме пред оваа функција да биде достапна за сите.

Сегашните прогнози се дека би можел да пристигне на крајот на годината, но бидејќи WhatsApp сè уште не објави ништо официјално, ќе треба да почекаме уште малку.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата