• Иван Димовски

Бесир Демири и Работнички си подадоа рака и потпишаа продолжување на соработката.
Искусниот фудбалер кој игра на позицијата дефанзивен играч за врска доби нов двегодишен договор. Демири и „романтичарите“ потпишаа договор за соработка до јуни 2027 година.
Во редовите на Работнички искусниот Демири пристигна минатата година. Сезонава за клубот одигра 25 натпревари, даде гол и забележа три асистенции.
Во својата кариера Бесир Демири играше за Шкупи, Шкендија, Вардар, Мариупол, Жилина, Кукс, Динамо и Гниљане.