НОВ ДЕФЕКТ ВО ШПАНИЈА, СЕГА ОСТАНАА БЕЗ ТЕЛЕФОНИ И ИНТЕРНЕТ, СИТЕ МОБИЛНИ МРЕЖИ ПАДНАА: Погодени се и некои линии за итни случаи

Објавено во: Свет 20 Мај, 2025 12:57
Сите поголеми мобилни мрежи денес се во прекин во Шпанија,
само четири недели откако земјата беше погодена од масовно затемнување.
Проблеми со мобилната мрежа беа пријавени околу пет часот наутро, според веб-страницата на Downdetector.
Главните проблеми на кои се жалат луѓето вклучуваат целосно губење на сигналот, целосно блокирање на мрежата и проблеми со интернетот. Исто така, беа погодени и некои линии за итни случаи.
Подрачјата на Баскија, Арагон и Валенсија беа исто така погодени.
Шпанската телекомуникациска компанија „Телефоника“ потврди дека работи на обновување на услугите откако телефонските и интернет врските беа прекинати.
Во меѓувреме, телефонските линии за итни случаи се обновени во Арагон, но проблемите продолжуваат во другите делови од земјата.
Откриена е причината?
Според весникот „Ел Корео“, биле извршени некои „работи за подобрување на мрежата“ што влијаеле на „одредени услуги“.
За потсетување, Шпанија беше погодена од масивен прекин на електричната енергија кон крајот на минатиот месец, предизвикувајќи големи нарушувања во секојдневниот живот, сообраќајот и работењето на бројни компании. Исто така, стотици летови беа одложени, железничкиот сообраќај беше прекинат, а нормалниот живот за миг дојде во застој.
фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGAМожеби ќе ве интересира
„Нека секој ден биде уште една прекрасна тајна. Доналд“: пронајдена честитка за роденден на Епштајн, предизвика хаос во САД

Каја Калас: Ова е еден од најсилните пакети санкции на Европската Унија против Русија

ТРАМП ИМАЛ ОТОК НА НОЗЕТЕ И МОДРИНКИ НА РАКАТА: Направени му се медицински тестови

ВОЈУВАА, А СЕГА СЕ СОЈУЗНИЦИ ПРОТИВ ПУТИН: За кои две земји се работи?

Трамп го менува рецептот на Кока-Кола: Се враќа вистинскиот шеќер во омилениот пијалок

КОЛЕКТИВНА ТУЖБА ПРОТИВ МЕТА - не почитувале договори и дозволиле пристап до лични податоци

(ВИДЕО) ОВА ЧИНИ ПАРИ: Што е тоа што Полјаците го собираат на плажите на Балтичкото море?

(ВИДЕО) СТУДИОТО СЕ ТРЕСЕ, ВОДИТЕЛКАТА БЕГА: Израел со дронови го нападна сириското Министерство за одбрана

ПРЕВИРАЊА ВО ФБИ ПОРАДИ ЕПШТАЈН: заменик-директорот размислува за оставка, Трамп не ја разбира „опсесијата со случајот“
