Магазин
Windows 11 воведува уште една промена: ова ќе се поставува автоматски од сега па натаму

Енкрипцијата станува стандард во технолошкиот свет, а најновото што го направи задолжително за сите уреди е оперативниот систем Windows 11.
Почнувајќи со Windows 11 24H2, Microsoft ќе ја направи енкрипцијата стандардно за варијантите Pro и Home, и за нови инсталации и за ресетирање на системот.
Ова го потврди и самиот Microsoft, велејќи дека сака да го поддржи усвојувањето на енкрипција на уреди. Оваа функција е овозможена од технологијата BitLocker за шифрирање на системските дискови, сè со цел да се зачуваат податоците.
Ако го прифатите ова, единственото нешто што треба да знаете е дека треба да направите резервна копија „recovery“ на BitLocker, бидејќи ако го изгубите пристапот до него, го губите пристапот до целиот компјутер.
Добрата вест, сепак, е дека не мора да имате енкриптиран компјутер одеднаш, бидејќи ќе можете да изберете дали го сакате ова или не.
Додека хардверските барања за Windows 11 се претежно компатибилни со BitLocker, оние кои сакаат да го исклучат автоматското енкриптирање на уредот имаат неколку опции.
Прво, тоа може да се направи со менување на регистарот за време на инсталацијата, и второ, може да се користат алатки како Rufus. Сето ова, сепак, веројатно не би било мудро да се направи освен ако немате постар компјутер.
/B92
Мобилни уреди
Според анализа на „Counterpoint“ еве кој мобилен уред е најпродаван во светот

Според анализата на Counterpoint Research, Apple ги освои првите четири позиции на глобалната листа на најпродавани телефони. Најмногу се продавал iPhone 16, по него следат iPhone 16 Pro Max, iPhone 16 Pro, како и моделот од минатата година – iPhone 15. Овој успех уште еднаш ја потврдува доминацијата на Apple на светскиот пазар на паметни телефони.
Според MacRumors, успехот на iPhone 16 не е случаен. За разлика од претходните години кога најскапите модели како Pro Max беа најбарани, сега обичниот iPhone 16 е многу популарен. Причината за тоа е што го користи новиот A18 чип, кој е речиси ист како A18 Pro чипот во iPhone 16 Pro Max.
Освен тоа, моделот доби нови функции како копче за акција и копче за контрола на камерата – нешто што досега беше достапно само кај Pro моделите. Овие додатоци го направија iPhone 16 попривлечен и го приближија до Pro серијата, давајќи им на корисниците подобра вредност за своите пари. Ова доведе до значителен пораст на популарноста на основниот модел во повеќе делови од светот.
Во првите три месеци од годинава, пет од десетте најпродавани смартфони биле модели на Apple. iPhone 16 Plus се пласираше на десеттото место, додека новиот iPhone 16e го зазеде шестото место во март 2025 година.
Со својата прифатлива цена и одлични карактеристики, iPhone 16e нуди многу повеќе од тоа што претходно го нудеше iPhone SE. Се очекува дека ќе го надмине својот претходник по бројот на продадени уреди, благодарение на подобрениот хардвер.
Извор: Counterpoint Research / MacRumors
Хороскоп
Хороскоп за сабота (31 мај)

ОВЕН
Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност која ја познавате подолго време. Слободно бидете искрени и директни, не треба да се плашите од недоразбирања или раскинувања. Згора на тоа, штом ќе се ослободите од се што е нејасно, ќе ви биде јасно дека иднината е сепак добра.
БИК
Денес лесно ќе можете да ги убедите другите дека ги гледаат или прават работите онака како што вие мислите дека е најпаметно. Ако имате шанса да направите нешто посебно со некој што го сакате, не одложувајте. Ако не сте сигурни како да ги завршите преговорите фокусирани на деловната иднина, размислете за патување кое ќе го комбинира удобното со корисното.
БЛИЗНАЦИ
Денес речиси сè ќе зависи од тоа како се однесувате кон другите луѓе. Доколку покажете дека сте лојални и не реагирате премногу бурно, се ќе биде во ред. Ако дозволите вашите емоции да ве совладаат или да покажете љубомора или сомнеж, нема да можете да го имате она што го сакате. Измерете ги внимателно вашите зборови во секое време.
РАК
Вложувајте малку повеќе време и труд во односите со колегите, соработниците и клиентите, бидејќи така најбрзо ќе ги постигнете посакуваните цели. Денес генерално ќе добиете нешто и на крајот од денот бидете горди на себе, барем кога е работата во прашање. Меѓутоа, кога станува збор за приватниот живот, ќе треба да покажете дека сте спремни да направите отстапки и да се приспособите.
ЛАВ
Денес ќе бидете доста субјективни, па склони сте да погрешно проценувате ситуации и луѓе. За да држите се под контрола, ќе треба да се потпрете на советите на луѓето на кои им верувате. Во попладневните часови можни се проблеми поврзани со семејството. Колку и да сте загрижени, понекогаш навистина е потребна промена за да можете да го добиете она што го сакате.
ДЕВИЦА
Излезете и забавувајте се. Денес ќе оставите одличен впечаток на личност која може да ви помогне во иднина. Дел од вас случајно ќе запознае личност од далечното минато, а тоа ќе доведе до интересен разговор и идеја вредна за оживување. Не оставајте ги вашите работи недовршени. Потрудете се, особено ако веќе сте ветиле нешто.
ВАГА
Ќе бидете многу продуктивни и ментално силни. Слободно извршувајте повеќе работи одеднаш, без страв дека ќе направите грешка или ќе се изморите премногу. Денот е поволен за сите оние разговори со кои планирате да им дадете до знаење на другите дека сте се одлучиле за поголеми промени. Ако сметате дека има нова можност, потрудете се и истражете ги информациите.
ШКОРПИЈА
Оние од вас кои неодамна ја промениле работната средина и сте во нов тим, треба да обрнат повеќе внимание на неформалните односи со колегите. Тие подоцна ќе ви бидат најголемата поддршка. Денот е одличен за дефинирање на планови поврзани со семејството, пријателите и пошироката заедница. Патувањето ќе ви донесе задоволство.
СТРЕЛЕЦ
Без разлика дали се работи за приватен или деловен живот, денес ќе привлечете интересни потенцијални партнери. Пред да изберете нешто или некого, прво проверете каква била ситуацијата во минатото. Нема сите да ви кажат сè, затоа обидете се сами да откриете што ве интересира или што прави да се чувствувате несигурни. Потпрете се на минатите искуства.
ЈАРЕЦ
Ќе имате одлични идеи и ќе бидете расположени поголемиот дел од денот, што ќе им се допадне на луѓето околу вас. Тоа ќе ви се исплати за вашето службено патување, затоа не избегнувајте состаноци лице в лице. Со вашиот хумор ќе можете да ги промените исходите од различни ситуации, но само ако добро го оцените вашиот соговорник. Ќе бидете изненадени од нечија промена на ставот.
ВОДОЛИЈА
Внимавајте како се однесувате со другите луѓе, особено во ситуации кога некој ги изразува своите желби за иднината или ви кажува за љубовни проблеми. Ако премногу се опуштите, може да навредите некого и да останете погрешно разбрани. Држете се до она што го знаете и не убедувајте ги другите за работи што не се реални.
РИБИ
Нема да погрешите ако денес ја пуштите вашата фантазија. Ќе бидете умерени и ќе ги фасцинирате другите луѓе со вашата визија за иднината. Некој ќе ви понуди пари или навидум добра деловна можност. Доколку сте заинтересирани, известете ме но и нагласете дека не треба да брзате. Ќе почувствувате конкретни подобрувања во приватниот живот.
Мобилни уреди
Компанијата „Realme“ спрема мобилен уред со „џиновска“ батерија?

Компанијата Realme неодамна ја претстави својата напредна батериска технологија, но на промоцијата на моделот GT 7 во Париз сепак не изведе јавна демонстрација. И покрај тоа, потпретседателот и маркетинг директорот на Realme потврди дека се работи на нов телефон со огромна батерија од 10.000 mAh.
Во изјава за Android Headlines, тој откри дека засега нема точен датум за пуштање на уредот, бидејќи се соочуваат со сериозни технички предизвици. Сепак, тој најави дека наскоро ќе биде лансиран телефон со батерија од 7.500 mAh – што е за 1.000 mAh повеќе од GT 7 Pro.
Главниот проблем што ја спречува компанијата да претстави уред со батерија од 10.000 mAh е просторот. Иако силициум-јаглеродните батерии се потенки и погусти, батерија со толкав капацитет бара многу повеќе место во внатрешноста на телефонот. Тоа значи потешкотии во вградување покрај други компоненти како телефото камерата, но и проблеми со ладењето, бидејќи поголемата батерија создава и повеќе топлина – а никој не сака гломазен и прегреан уред.
Realme веќе поднесе патенти поврзани со оваа технологија, па доколку развојот продолжи со сегашното темпо, телефон со батерија од 10.000 mAh би можел да се појави во блиска иднина.
Извор: phandroid.com
-
Кичево21 час
Предмалку на „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајка помеѓу две патнички моторни возила, причинета е само материјална штета
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (30 мај)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за сабота (31 мај)
-
Македонија1 ден
Граѓани најавија протест за изборот на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, велат: „МПЦ-ОА има Устав, со критериуми“
-
Спорт21 час
Кога решителноста го надминува системот, се создаваат вистински херои, кичевчанецот Милошевски доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација
-
Македонија1 ден
Пронајдено товарното возило од АРМ кое пред еден месец беше пријавено за одземено од авто сервис
-
Временска прогноза1 ден
Конечно убави вести за временската прогноза, еве кога доаѓаат летните температури
-
Автомобили6 часа
Утре во Прилеп ќе се одржи традиционалниот „Авто слалом“, учество ќе земе шампионот од Кичево, Кристијан Бојоски!