Народни верувања: Еве што значи ако врне на Ѓурѓовден

Денес го славиме Ѓурѓовден – еден од најголемите празници во народниот календар, полн со длабока симболика и вековни традиции. Овој ден секогаш бил нешто посебно – не само религиозен празник, туку и момент кога природата буквално се буди.

Се смета за граница меѓу зимата и летото, ден поврзан со здравје, плодност, заштита на добитокот и надеж за добра жетва. Народот отсекогаш верувал дека на Ѓурѓовден се прават ритуали што носат сила и благосостојба за цела година.

Симболиката е прекрасна – капење во река, миење со билки и цвеќиња собрани наутро додека росата сè уште блеска, плетење венчиња од свежи тревки… сите тие обичаи се чини дека нè враќаат поблиску до природата, до суштината.

Има и едно интересно верување: на Ѓурѓовден не се спие. Кој ќе преспие – цела година ќе го боли главата. И тоа не е само суеверие, туку дел од магијата на овој ден. Се палат огнови, се пеело, се играло, се славело животот.

Ако Ѓурѓовден е сончев – тоа е добар знак, ќе има бериќет. А ако врне, народот вели – следува суша.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде