СВР Велес: Двајца Штипјани лишени од слобода во вчерашната полициска акција во Велес

Објавено на 30 октомври, 2023 во 11:18

Вчера вечер во 20: 30 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР
Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен
надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.И.(18) од с.Стар Караорман, штипско и Т.Ј.(18) од
Штип затоа што во товарното возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал
А.И., а сопатник бил Т.Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10
малолетници.
Имено, околу 20:05 часот на автопатото А1, полициски службеници од Полициската станица
за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А.И. продолжил со
движење и со возилото влегол во Велес и на ул.„8 Септември“ излетал од патот и со
возилото паднал во ископ. Притоа, со повреди се здобил еден малолетник, констатирани во
болницата во Велес.
„При приведувањето А.И. физички нападнал полициски службеник. По наредба на јавен
обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на
случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.