Ќе се оценува уставноста на членовите од Изборниот законик кои се однесуваат на прагот за независни листи за избори
Уставниот суд ќе ја оценува уставноста на членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Тоа значи дека се доведува во прашање прагот за поднесување граѓански независни листи на изборите за што реагираа и дел од невладините дека тоа предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите и ги става во поповолна позиција големите партии бидејќи ако досега беа потребни 1000 потписи според новото законско решение ќе требаше да бидат 3 до 4 пати повеќе .
Со иницијативата за Измени во изборниот законик која ја поднесоа дел од невладините активистите но и поранешни пратеници сметаа дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик , кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници. Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 % од гласачкото тело, што според нив предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. Ова го истакна и во вчерашното гостување на ТВ 24 Поранешната пратеничка Лиле Поповска
На пртходните локални избори поголем број на независни советнички листи станаа дел од општинските совети и Советот на Град Скопје – советниците главно се од граѓаниски организации кои се залагаат за заштита на правата на граѓаните од повеќе аспекти – главно од урбанистички и еколошки.