Ѓоковиќ: Не знам уште колку Слема ќе играм, сакам да испишам нова историја!

Новак Ѓоковиќ беше расположен за разговор со новинарите после победата над Мекензи Мекдоналд во првото коло на Ролан Гарос, воедно давајќи една навистина отпимистичка изјава. 

Србинот без мака мина во второто коло во Париз, го пофали Мекдоналд за прикажаното и најави дека има цел да испише нова историја на овој и на следните турнири каде што ќе настапува. 

„Чувствувам мотивација и сакам да бидам во добар ритам. Тенисот ме исполнува, а јас сакам да испишам историја во секоја дадена прилика. Секој момент може да донесе нова светла страница за мене.

Главната мотивација е секогаш да бидам најдобар, тоа ме одржува во живот и не ме тера да престанам со спортот. Не знам уште колку Грен-Слем учества ќе имам, затоа сакам да се претставам во најдобро можно светло.

Ривалите не се воопшто лесни, вклучително и денешниот, кој има потенцијал да биде меѓу најдобрите“, рече Ѓоковиќ. 

Ѓоковиќ во моментов е шестопласиран на АТП листата и е во потрага по рекордниот 25. трофеј од најпрестижните светски турнири. 

ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Facebook