Општо

Накратко од светот: Макрон нуди нуклеарки, Германија бара повеќе пари за одбрана

Автор: Bloomberg Adria

6 март 2025, 08:50

Германија повикува ЕУ да ги реформира своите фискални правила

Францускиот претседател започнува преговори за користење на нуклеарните капацитети

Во САД промените и новините во областа на царините сè уште се главна тема

Накратко од светот: Макрон нуди нуклеарки, Германија бара повеќе пари за одбрана

Bloomberg

Bloomberg Adria

Во Европа главните прашања деновиве се однесуваат на трошоците за одбранбениот сектор и нуклеарната енергија, додека во Соединетите Американски Држави (САД) сето внимание сè уште го привлекува, погодувате - претседателот Доналд Трамп. Промените и новините во областа на царините, кои актуелната американска администрација постојано ги разгледува, воведува и одложува, сè уште се главна тема.

ПОЛИТИКА

Германија повикува на реформа на фискалните правила на ЕУ, Макрон на користење на нуклеарните капацитети

Германија повикува Европската Унија (ЕУ) да ги реформира своите фискални правила за да им овозможи на земјите членки поголема потрошувачка за одбрана. Тоа е голем пресврт за Германија, која е позната по својот рестриктивен став кон потрошувачката.

Прочитајте повеќеГерманската стратегија за „отклучување“ на буџетот ги јакне европските пазари

Дополнително, францускиот претседател Емануел Макрон започнува преговори за користење на нуклеарните капацитети на Франција за одбрана на европските сојузници. Таквите повици доаѓаат пред итниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел, на кој ќе се разговара за Украина и пошироката безбедност на континентот.

 

Трамп ги паузира царините за увоз на автомобили од Канада и од Мексико

Американскиот претседател одобри едномесечно изземање од новите царини за увоз од Мексико и од Канада за американските производители на автомобили. До таква одлука дојде откако Трамп разговараше со лидерите на „Форд“ (Ford), „Џенерал моторс“ (General Motors) и „Стелантис“ (Stellantis). Прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Левит, соопшти дека Трамп им порачал на извршните директори на споменатите компании дека производството од Канада и од Мексико треба да го преселат во САД.

 

ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ одлучува за каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска одлучува за каматните стапки. Економистите на „Блумберг“ (Bloomberg) очекуваат дека ЕЦБ ќе ја намали каматната стапка на депозити за четвртина процентен поен, на 2,5 отсто, но и дека внатрешните поделби би можеле да го комплицираат донесувањето одлуки во наредните месеци.

Прочитајте повеќеЕЦБ е подготвена повторно да ги намали каматите, но се создаваат длабоки поделби

БЕРЗИ

Европа

Европските фјучерси се тргуваат во зелено, а вчерашната распродажба на германските обврзници продолжува и во електронското тргување.

Bloomberg
 

Да потсетиме, приносите на германските десетгодишни обврзници пораснаа дури за 31 базичен поен, што е најмногу од 1990 година. Оваа распродажба на обврзници е поттикната од неизвесната геополитичка ситуација и германскиот план за потрошувачка за одбрана.

Еврото забележа најдобри три последователни дена од 2015 година, а Чару Чанана од „Саксо банк“ вели дека еврото само што почнува да расте.

 

САД

Од другата страна на Атлантикот, фјучерсите на американските индекси се во црвено, повлечени од акциите на технолошките компании, кои вчерашното тргување го завршија во црвено.

Индексот Bloomberg Dollar Spot е малку променет, додека приносите на десетгодишните трезорски обврзници пораснаа на 4,3 отсто.

BBDXY:IND

BBG US Dollar Spot

1.271,95 USD

+0,247 +0,02%

почетна цена

1.271,94

претходна цена на затворање

1.271,7

промена од почетокот на годината

-2,941913%

дневен опсег

1.270,27 - 1.273,09

опсег на 52 недели

1.216,47 - 1.325,10

 

Книгата на Федералните резерви покажа дека економската активност малку пораснала од средината на јануари, додека потрошувачката на потрошувачите опаднала.

Азија

Кога станува збор за акциите во азиско-пацифичкиот регион, тие се тргуваат во зелено. Акциите во Јапонија и во континентална Кина пораснаа за повеќе од еден процент, додека акциите во Хонгконг скокнаа за повеќе од два отсто. Растот на вредноста на акциите е поттикнат од оптимистичките очекувања на инвеститорите во врска со мерките за поддршка на економијата од страна на кинеската влада. А приносите на јапонските десетгодишни обврзници пораснаа на 1,5 отсто за првпат од 2009 година, додека земјата се бори со растечката инфлација и повисоките трошоци за задолжување.

„Алибаба“

На корпоративен план, акциите на „Алибаба“ (Alibaba) пораснаа речиси за осум проценти, откако компанијата го отвори за јавноста својот модел QwQ-32B AI. „Алибаба“ тврди дека тој модел има исти перформанси како Дипсик (DeepSeek), но му е потребен само дел од количеството на податоци што му е потребно на Дипсик. Да потсетиме, „Алибаба“ најави инвестиции од над 52 милијарди евра во ВИ-инфраструктура.

 

Нафта

Цената на нафтата благо порасна од најниското ниво забележано на затворањето на една трговска сесија во последните шест месеци, додека пазарот се обидуваше да се справи со неизвесната прогноза за побарувачката, имајќи ги предвид најавите на Трамп за царините што се однесуваат на главните трговски партнери на САД. Имено, и покрај споменатото изземање од царините, сè уште е во сила планот за друг тип царини - оние реципрочните, кои треба да се применуваат од 2 април.

Движење на цената на нафтата (брент и ВТИ) ICE, Nymex

 

Вредноста на брентот порасна кон 70 долари за барел, откако изгуби повеќе од шест проценти во последните четири недели, додека ВТИ (West Texas Intermediate) е близу 67 долари.

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот
Општо

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот

По состанокот во Саудиска Арабија, каде што високи американски и руски претставници остварија прв круг преговори за крај на војната во Украина, Русија и САД најавија можност за поширока соработка.

19.02.2025

Сите новости од рубриката Политика

Политика

Германија ќе ја укинува можноста за брзо добивање државјанство
Политика

Германија ќе ја укинува можноста за брзо добивање државјанство

Според постојната политика, жителите можат да аплицираат за натурализација по три години во Германија, доколку имаат постигнато течно познавање на германскиот јазик и можат да покажат извонредни образовни или професионални достигнувања

пред 13 часа

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите