Во Велика Британија, поради силен снег и леден дожд, неколку големи аеродроми се затворени.
Постои загриженост дека многу рурални заедници би можеле да останат изолирани поради снегот кој на некои места достигнал висина од 40 сантиметри. Струјата е во прекин речиси низ целата земја, а властите соопштија дека работат на поправање на електричната мрежа.
Прочитајте уште
Повеќе од 100 летови откажани во Германија поради снег и мраз
Струјата во прекин во Бирмингем во централна Англија, Бристол на запад и Кардиф во Велс.
Аеродромот Џон Ленон во Ливерпул и аеродромот во Манчестер морале да ги затворат пистите и да ги пренасочат летовите, а аеродромот во Бирмингем исто така ја прекинал работата неколку часа во текот на ноќта.
Многу возови се откажани, а железницата предупреди дека прекините ќе продолжат и следната недела.